До јуни Пехчево ќе добие Дом на пензионери

Од:

Пехчевското Здружение на пензионерите на првата седница во оваа година го усвои Извештајот за работа на здружението, финансискиот извештај и записникот на надзорниот одбор за 2017 година.

Претседателот на Здружението на пензионери, Борис Зарински, истакна дека изминатата година била успешна за нив и дека присуствувале на многу регионални и државни натпревари и манифестации за пензионери, каде освоиле многу награди.

– Минатата година беше успешна за нас, во Пехчево. Успешно ги организиравме региналните спортски игри за пензионери, учествувавме и на многу натпревари низ Македонија, а освоивме и многу награди на државно ниво, од кои се закитивме и со две први места. Активни бевме и на разни музички манифестации во регионот, каде се претставувавме со нашиот пензионерски хор, рече Зарински.

На првата седница на собранието на Здружението на пензионери присуствуваа и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски. Тој потенцираше дека актуелните проблеми со простории на Здружението ќе бидат надминати со новите простории што се во изградба и треба да бидат готови до јуни годинава.

– Пензионерите и нивните потреби се едни од целните групи на локалната самоуправа. Можам да истакнам дека со изградбата на Пензионерски дом сите недостатоци ќе бидат остранети, а сите барања за негово функционирање се веќе разгледани и се изнаоѓа решение за целосна реализација. Очекуваме дека до крајот на јуни во вункција да биде ставен новиот Дом на пензионерите, истакна градоначалникот Тренчовски.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он