Јулијана, единствената вработена Македонка со Даунов синдром

Од:

Јулијана Петровска е единствената Македонка со Даунов синдром што успеала да се вработи. Нејзиниот дух и ведрина ќе ве освои и ќе ве инспирира никогаш од ништо да не се откажувате.

На периферијата на Скопје во една печатница свој печат става и дваесет и осумгодишната Јулијана, девојка со Даунов синдром, но и со медал за пливање, неколку успешни концерти на пијано, куса манекенска кариера и со силна амбиција да стане шефица во фирмата во која работи, пренесува Дневник.

Оваа девојка едноставно не може да не се забележи, има неверојатно харизматична насмевка, но и енергија што ја вложува. Не се штеди каде и да се појави.

Сакам да ги урнам бариерите. Сакам да работам, да бидам своја. Да имам мој личен успех, а тоа е мојата работа, но и моето образование. Завршив средно училиште за графичар, работам во печатница, па веќе шест години секој ден доаѓам на работа. Kако и секоја девојка на 28 години, обожавам шопинг, на тоа ја трошам својата плата. Но, секако, знам дека треба и да штедам, па имам моја книшка. Моја желба е да станам главна во фирмата, засега сум само помошник-графичар. Јас тоа го можам, знам странски јазик – српски, го научив од серии на телевизија, ама и многу сум вредна, сакам да работам – вака себеси се гледа во иднина Јулијана Петровска.

Би можело да ве интересира

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска

„Ѓорче Петров“ донираше за социјално загрозеното семејство од „Долно Лисиче“, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Јадам леб и шеќер за да има за децата“, четиричлено семејство преживува со 5 илјади месечно

Ана Ололовска