Јубилеен 20-ти по ред Коледарски Хепенинг во Гевгелија

Од:

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина при Општинската Организација на СДСМ Гевгелија и годинава по 20-ти пат го организира јубилејниот Коледарски Хепенинг, предвесникот на Христовото раѓање кои со годините наназад прерасна во урбана традиција и незаборавна забава за гевгеличани.

Одбележја на оваа манифестација се учеството на голем број музичари, хумористи и естрадни ѕвезди од Македонија и Балканот, големиот Коледарски оган и возбудливиот финиш со огномет во сите можни бои.

По повод организирањето на овој традиционален настан, Претседателот на ЛК СДММ Гевгелија – Петко Стоилов, денеска на одржаната прес конференција за медиумите, упати јавна покана за сите граѓани на општина Гевгелија и од останатите градови од Македонија, утре вечер на 5-ти јануари, во 19:30 часот, да повелат на Ракометното игралиште во Гевгелија, каде ќе се одржи Јубилејниот 20-ти по ред Коледарски Хепенинг.

Изненадување за бројната публика ќе биде учеството на Белградскиот рокер Бајага и неговата група Инструктори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ