ЈСП: Во случај на блокада на раскрсницата кај Дом на печат изменет режим на повеќе автобуски линии

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека од 10 до 12 часот, во случај на блокада на раскрсницата кај Дом на печат, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:

Линии 3, 3А, 3Б, 50 и 50А

· Во насока од Рекорд кон Дом на печат, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе вртат лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама

· Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линии 23, 27, 33, 41А, 43, 44 и 57А

· Во насока од Рекорд кон Клинички центар, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќаат назад на постојката кај АМСМ, таа ќе биде почетно/крајна постојка за овие линии

· Во обратна насока, од постојката кај АМСМ по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кон Рекорд и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 5

· Во насока од Рекорд кон Козле, на раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, десно по улица „Васил Ѓоргов“ и ќе продолжува до Козле

· Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса

Линија 5 А

· Во насока на Клинички центар, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќа назад и почетно/крајна постојка ќе биде на првата постојка према Ѓорче Петров

Линија 9

· Во насока на Клинички центар, по постојката кај Југодрво ќе врти десно на улица „11 Октомври“ до Рекорд, кај раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар

· Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја