ЈСП Скопје почна да ги превезува граѓаните бесплатно

Од:

ЈСП Скопје почна да ги превезува граѓаните бесплатно, согласно Одлуката на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

– Ова мерка е од времен карактер и важи за сите лица кои имаат потреба од јавен превоз и ќе биде активна се до нејзино укинување од градоначалникот, соопшти ЈСП Скопје.

Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и, како што се наведува во соопштението, се очекува намалување на користењето на возила.

ЈСП Скопје информира дека од моментот на воведување на оваа мерка, од 6 до 17 часот ќе работат само билетарниците на Зелен пазар, Ѓорче Петров, Бутел пазар и Транспортен центар.

– Од системски т.е. технички причини, ЈСП Скопје нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените времени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност, стои во соопштението од ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски