ЈСП Скопје ќе добие 135 милиони денари за справување со ковид кризата

Од:

Град Скопје ќе добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.

Одлуката е донесена на синоќешната седница на Владата.

На седницата е донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот за 2020 година, во износ од 77.000.000 на Општина Кичево, за реконструкција на општинската зграда.

За искористеноста на средствата, Општина Кичево, има обврска да достави извештај до Владата во рок од 15 дена од завршување на активностите, информира владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он