ЈСП попладнево почна да вози, Советот на Скопје изгласа пренамена на средства за да им се исплатат плати

Од:

Вработените на ЈСП ќе добијат плата. Советот на Скопје изгласа пренамена на 133 милиони денари од буџетот на Градот со намена со нив да се исплатат плати во ЈСП. Советниците и денешната седница ја почнаа со политички препукувања поради кои двапати ги предупреди претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски кој ја следеше седницата како јавност.

„Ве молам изгласајте ја одлуката па подоцна објаснувајте се, втората смена во ЈСП чека на гласањето за да почне да вози”, предупреди Димовски.

Кусо по второто предупредување Советот ја изгласа одлуката за пренамена на средствата. Вработените во ЈСП платата ќе ја добијат утре.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот