• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ЈСП го намали бројот на автобуси кои ќе вршат превоз согласно порепораките за превенција од коронавирус

by А1он11/03/2020 - 11:25467
Share0

Јавното сообраќајно претпријатие информираше дека автобусите ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на зимски, односно летен училиштен распуст. Комплетниот преглед на возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Добивај вести на вибер

„Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и една од мерките, препораки за превенција од ширење на вирусот. Извесно е дека редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции. ЈСП Скопје апелира до граѓаните за рационално користење на јавниот превоз, а истовремено потсетуваме дека сите возила на ЈСП Скопје уште од пред десетина дена се подложни на дополнителен третман на дезинфекција. Имено, секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од превентивните мерки од коронавирусот“, информираат од ЈСП.

Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото како ракодржачи и слично, велат од ЈСП, додавајќи дека секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линија или потоа, зависно од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

„Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега“, додаваат од ЈСП.

jspkoronavirus

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Горан Наумовски05/01/2026 - 12:28

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:00

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски08/09/2025 - 08:5408/09/2025 - 09:27

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

Горан Наумовски03/09/2025 - 14:24

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Горан Наумовски18/08/2025 - 07:36

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он25/01/2025 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен