ЈП Водовод и канализација: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

Од:

ЈП Водовод и канализација Скопје најостро ја осудува и во целост ја демантира лажната вест објавена во неколку медиуми за зголемување на цената на водата во Скопје.

„Имено во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година. Околу евентуалната промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, при што ЈП Водовод и канализација – Скопје ниту донело нови тарифи, ниту истото го има побарано од Советот на Град Скопје. Уште еднаш да потенцираме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје не побарало зголемување на цената на водата во Скопје, ниту е тоа во план на претпријатието во тековната година“, велат Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

Скопски „Водовод“: Дефектот на водоводната инсталација во Козле не е во наша надлежност

Горан Наумовски

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Инспектор од МВР со див приклучок за вода ја нападна советничката Витина

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажале тестирањата на Водовод