ЈП Водовод и канализации: Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена

Од:

Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена, соопштија за МИА од ЈП Водовод и канализации, откако по социјалните медиуми почна да се шират гласини дека директно бил загрозен изворот.

-Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена. На локалитетот нема нешто што би истекло и директно би го загрозило изворот. Постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат од наша, а и од страна на надлежни институции, се наведува во реакцијата на јавното претпријатие.

ЈП Водовод и канализација – Скопје додава дека секојдневно врши анализи на водата на 38 локации на територијата на градот Скопје.

-Граѓаните на градот Скопје пијат најчистиста и најквалитетна вода за пиење. Инаку ширењето на лажни вести според КЗ член 288, став 1, е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до пет години, се наведува во реакцијата на Водовод и канализации.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски