ЈП Водовод, „Џамбо Пет“ и Општина Битола денеска со повеќе донации

Од:

Подобрување на условите во институциите, збогатување на воспитно – образовниот процес со наставни помагала и нагледни средства, но и грижа за оние на кои истата им е најнеопходна, се само дел од целите кои се реализираат преку донации и други активности насочени кон напредок на животот во општината. Во оваа насока е и денешната донација на ЈП Водовод во соработка со Друштвото за трговија и услуги „Џамбо Пет“и Општина Битола.

„Денес сме во Кукуречани. Ќе посетиме и други три локации, а тоа ќе бидат: Клиничката болница, детска градинка и едно социјално семејство. Во склоп на оваа донација ЈКП Водовод, кое работи во интерес на граѓаните, издвојува средства кои ги донира за граѓаните, помага и на здруженија и на поединци. Денес, во соработка со приватната компанија „Џамбо Пет“ која изрази желба да донираме заедно четири ТВ уреди сме тука и заедно со Општина Битола, одлучивме, бидејќи тие најдобро ги знаат проблемите на сите во градот Битола, одлучивме заедно да ја поделиме оваа донација“, изјави Горан Козаров, директор на ЈП Водовод – Битола.

Денешната донација претставува уште еден поттик за активно вклучување во вакви активности на сите општествено одговорни субјекти.

„Посебно ми е задоволство кога се наоѓам во вакви средини, каде што се младите. Отсекогаш сум говорела и ценам дека тоа треба да биде политика на локалната самоуправа, да вложува во младите и во условите во кои тие се едуцираат. Денес, донираме една карта и телевизор во ова училиште, со што всушност сакаме да ги подобриме условите и да покажеме дека оваа е насоката во која треба да се движиме во следниот период. Очекувам, дека ваквата денешна иницијатива нема да биде само импулс повеќе за општината како треба да работи, туку и за сите стопанственици, кои треба да се вклучат во оплеменувањето на условите на нашата иднина, односно на генерацијата која ќе ја создава таа иднина“, изјави м-р Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Денешната посета на местата во кои се распоредуваа донациите, започна од ЦОУ Александар Турунџев во село Кукуречани, а директорката на училиштето Бранка Лазаревска и учениците кои со топол поздрав ги пречекаа донаторите, изразија голема благодарност за донацијата.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски