ЈП ПОЦ: Санирани ударните дупки на паркиралиштето „Аутомакедонија“

Од:

„Надлежните служби на Општина Центар денеска ги санираа ударните дупки на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“ со кое стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар и во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ паркиралиштето е целосно и темелно исчистено.

Паркиралиштето „Аутомакедонија“ се чистеше рачно со метли и пумпи, а потоа се вршеше и машинско миење со автоцистерни.

ЈП ПОЦ апелира до жителите да ја одржуваат чистотата и хигиената на паркиралиштето и доколку забележат несовесни граѓани кои ја уништиуваат животната средина да ги пријават во Општина Центар.

Оваа акција се спроведува веќе еден месец и целосно се исчистени паркиралиштата „Трготекстил“, „Соборен Храм“ и „Пролет“, а во наредниот период ќе бидат исчистени сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар“, се вели во соопштението на ЈП ПОЦ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар