ЈП ПОЦ, Општина Центар и СВР Скопје започнаа акција за расчистување на дивите пазарџии кај „Зелен пазар”

Од:

Надлежните служби на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во координација со СВР Скопје и инспекторите на Општина Центар и со асистенција на сообраќајната полиција и полициската станица Беко, денес започнаа акција за расчистување и дислокација на дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу „Зелен пазар”.

По барање на жителите од околните објекти, ЈП ПОЦ во соработка со надлежните институции почна да ја спроведува оваа акција со цел да се расчисти метежот на паркиралиштето и да се заштити загрозената безбедност на движење, како и да се спречи опасноста по здравјето на жителите, купувачите и продавачите заради продажбата на производи во нехигиенски услови.

За да се зголеми безбедноста на граѓаните која е загрозена од страна на дивите тезгаџии кои преноќуваат во влезовите од околните згради и хигиената која е нарушена од отпадот и сметот кој го оставаат по затворањето на пазарите, оваа акција ќе се спроведува редовно и ќе се санкционираат и дислоцираат дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу „Зелен пазар”, се вели во соопштението на ЈП ПОЦ.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски