ЈП ПОЦ со црвени рози им го честиташе празникот на жените

Од:

В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески заедно со дел од советниците на Општина Центар и оваа година традиционално со црвени рози им го честитаа празникот на жените кои поминуваа покрај паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и кои продолжуваа договор. Повеќе од 500 дами заминаа со насмевки на лицата поради овој симболичен, но преубав гест.

„Денот на жената не треба се одбележува само денес, вниманието и односот кон жените на 8-ми март треба да се практикува секој ден во годината, но сепак овој ден е убав повод жените да добијат барем по една роза, како знак на почитување и внимание“, изјави В.Д. директорот на ЈП ПОЦ, Вангел Андрески.

ЈП Паркинзи на Општина Центар им го честита меѓународниот ден на жената на сите припаднички на понежниот пол.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска