ЈП „Паркови и зеленило“ со свој придонес во „Денови на пролетта – Денови на екологијата“

Од:

ЈП „Паркови и зеленило“ се вклучи со свој придонес во реализација на проектот „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ во организација на Град Скопје, а во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, Пакомак и UNDP.

Претпријатието обезбеди 23 дрвени тезги-штандови за презентирање на експонатите изработени од рецилкиран материјал од страна на изложувачите. Тезгите се поставени околу бината Школка, каде на 19 март ќе се изведе пригодна програма, со цел подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина и сепарирање и рециклирање на отпадот.

Традиционално, претпријатието обезбеди сто цвеќиња од видот виола, кои ќе бидат насадени во близина на бината од страна на членовите на Здружението на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“.

ЈП „Паркови и зеленило“, како претпријатие чија основна дејност е одржување и грижа за зеленилото во Град Скопје, секогаш е отворено за поддршка и вклучување во настани и акции за заштита и унапредување на животната средина и подигнување на свеста на граѓаните за истата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан