JП Паркинзи на општина Центар го доби спорот со Никофон

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ денеска го доби спорот со Друштвото за сервисирање, трговија и услуги „Никофон“.

Основниот суд Скопје 2 констатира дека Никофон го нарушил мирното и непречено стопанисување на ЈП ПОЦ со јавното паркиралиште кај Аутомакедонија на ул. „М.Х. Јасмин“ бб. Тужениот самоиницијативно поставил дрвени палети со метални ланци на дел од паркиралиштето.

Дополнително, Судот го задолжува Никофон во иднина да се воздржи од вакви дејствија и да ја врати првобитната состојба на паркиралиштето.

11418234_492055710966189_1278604026_n

На овој простор Никофон најавил дека ќе гради нова катна гаража, на чиј предлог и граѓаните се спротивставија со дежурање на просторот пред нивните згради за да го спречат Никофон да ја реализира оваа идеја.

Тие велат дека на неколку метри веќе има катна гаража и уште една иста таква би им го нарушила секојдневното живеење.

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ