ЈП „Комунална хигиена“- Скопје расчисти 3060 кубни метри отпад од диви депонии во период од една година

Од:

На територијата на градот Скопје секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни површини од страна на граѓаните.

Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека Претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.

„Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работат на расчистување на дивите депонии во сите скопски општини, а во периодот од октомври 2017 до октомври 2018 година, биле во целост расчистени и подигнати 3060 кубни метри отпад во рамките на овие активности. Овие податоци претставуваат значително зголемување од дури 716% во однос на истиот период минатата година. Апелираме до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

По три години затвор добија обвинетите кои направија диви депонии на Вардариште

А1он

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје