ЈП „Исар“ ќе го уредува стариот Градски пазар во Штип

Од:

Стариот Градски пазар во Штип кој се наоѓа покрај коритото на реката Отиња ќе се покрие, а трговците на текстил ќе добијат и дрвени куќички за да ги продаваат своите производи.

Како што информира директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев, на големата тротоарна површина покрај кејот ќе се постават 20 дрвени типизирани куќички за продажба на текстилни производи.

– Поднесовме барање до Општината да ни се одобри поставување 20 дрвени тезги на овој троатоар. Тезгите ќе бидат идентични и ќе бидат изработени од дрво, ќе се отвораат нанапред и ќе имаат изложен штанд, рече Бојаџиев.

Штипското претпријатие „Исар“ ќе направи и ценовник за закуп на дрвените тезги, за кои трговците ќе можат и да конкурираат. Оваа инвестиција ќе чини околу 1.000 евра.

Бојаџиев соопшти дека во Програмата за работа на ЈП „Исар“ за 2017 година приоритетен проект е и покривањето на стариот Градски пазар, инвестиција вредна околу два милиона денари.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он