ЈП„Државни патишта“ го достави до Обвинителството договорот за „Бехтел и Енка“

Од:

ЈП „Државни патишта“ постапувајќи по барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден го достави договорот за изведба и надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-Д, информираат од Јавното обвинителство.

Претходно, ЈП „Државни патишта“ до Обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со коридорите 8 и 10-д, за кои јавниот обвинител обезбеди пристап до електронската база на податоци на Бирото за јавни набавки.

-Договорот, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10-д, во наредниот период ќе бидат анализирани во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело, се наведува во соопштението.

Со оглед дека станува збор за обемна документација,како што посочуваат од Обвинителството, на јавниот обвинител и тимот на истражители ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста. – За секое постапување што нема да ја попречи постапката и ќе може да се сподели со јавноста, обвинителството навреме ќе информира, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски