Јовески: Обвинителството заврши постапки против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи

Од:

„Зад нас е 2020 година, тешка година за сите, исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители. Нашата надлежност и предмет на работа бара постојан континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. Надлежни сме за гонење на криминалот, а тој не запира, дури и кога има пандемија. Обврзани сме со рокови во преземањето на нашите дејствија, на целосно прибирање на материјални и вербални докази за да имаме издржани обвиненија“, изјави на предновогодишниот брифинг со новинарите Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој изјави дека годинава обвинителствата постапувале против над 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. За време на вонредната состојба, биле поведени и завршени се постапките против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи.

„Веќе е познато дека со години имаме недостаток на материјални и човечки ресурси. Тоа многу ја отежнува нашата работа. Меѓтоа сакам да истакнам дека годинава беа избрани нови 18 јавни обвинители, а во завршна фаза е постапката за вработување на 70 работници на различни работни места од кои повеќето се неопходните јавно-обвинителски стручни соработници. Овие нови вработувања значително ќе ги подобрат капацитетите на јавното обвинителство, но сакам да кажам дека неопходно е и натаму да се засилуваат човечките ресурси во обвинителството“, рече Јовески.

Во оваа година профункционираа четири истражни центри во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и основните јавни обвинителства во Скопје, Куманово и Тетово.

„Во насока на градење систем на отчетност во рамки на јавното обвинителство ја зајакнавме дисциплинската одговорност. Оваа година водевме неколку дисциплински постапки против 5 јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето. Во годинава која изминува со средства од фондовите на Европската унија целосно се реновирани просториите на 9 основни јавни обвинителства а две обвинителства добија нови простории. Во втората половина на годинава започна примената на новиот Закон за јавно обвинителство со кој се унапредува организацијата и работењето на обвинителството.Значајно е што се гарантираат 0,4 проценти од Буџетот за работа на обвинителствата“, изјави Јовески.

Тој рече дека обвинителството постапува непристрасно и неселективно се гонат сторителите на кривични дела и дека обвинителството на овој начин ќе продолжи да работи и следната година.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он