Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Од:

Детето кое беше повредено во сообраќајната несреќа синоќа кај Рашче, очекувам наскоро да биде пуштено на домашно лекување, изјави директорот на Детска хирурија во Скопје, Лазо Јовчески.

– Детето е во стабилна општа состојба, не е витално загрозено. Од денеска се наоѓа на оддел, значи не е повеќе на интензивна нега. Очекувам наскоро да биде пуштено на домашно лекување. Вчера имаше интензивен мониторинг, денеска контролни по протокол, биохемиски параметри за споредба, стабилно е, мислам дека сѐ ќе се разреши поволно за детето, кое има пет години, нагласи за МИА, директорот на Детска хирургија.

Јавното обвинителство утрово соопшти дека заедно со автомобилот, од водите на Вардар синоќа биле извадени три починати женски лица, за кои била издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете, пронајдено повредено надвор од возилото, па пренесено на Клиничкиот центар.

Би можело да ве интересира

АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

ВИДЕО: Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и им порача на скопјани да не паѓаат на дезинформации

Катерина Ѓуровски

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес