Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.

„И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар. Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите. Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот. По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

ВИДЕО: Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и им порача на скопјани да не паѓаат на дезинформации

Катерина Ѓуровски

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес