Јовановски: За последните 6 години, струјата двојно е поскапа

Од:

СДСМ укажува на одлуката за поскапување на струјата, овојпат за 10%. Со тоа, велат, за последниве шест години струјата денес е повеќе од двојно поскапа.

„Сегашното зголемување на цената на струјата за 10%, и зголемувањето на цената на парното за 3%, надополнети со поскапувањето на бензините, чии цени повторно ја надминаа границата од 80 денари, претставуваат огромен скок на цените на енергенсите во Република Македонија.Во време кога ЕЛЕМ троши милионски суми на рекламни кампањи од кои никој нема никаков ќар, кога го подновува возниот парк со скапи автомобили за поудобно да се возат директорите и останатото раководство на ЕЛЕМ, кога МЕПСО најавува барокни фасади и лавови за својата административна зграда, во време на рекордна сиромаштија, огромна економска криза и незапаметена неликвидност на стопанството, зголемувањето на цените на струјата, парното и бензините силно ќе ги погоди фирмите, ќе предизвика поскапување на многу други производи неопходни за секојдневната живеачка, што се заедно ќе претставува огромен удар врз џебот на граѓаните“, укажа Зоран Јовановски од СДСМ.

„Струјата поскапува затоа што владата ги преспа изминатите 6 години. Наместо да вложува во изградба на нови енергетски капацитети за да се зголеми домашно производство на струја, владата парите од народот ги потроши за непродуктивни работи. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија зависник од увоз на скапа струја од странство, а сметките за таквото недомаќинско однесување на владата почнаа да доаѓаат и нив ќе мора да ги платат сите граѓани на нашата земја. И што е најстрашно, ова поскапување на струјата сигурно не е и последно, бидејќи не го решава суштинскиот проблем“, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски