А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јовановски: Власта од приватните пензиски фондови го крпи скинатиот буџет

by А1он25/11/2012 - 14:15193
Share0

Како се крпи скинатиот буџет и какви се последиците од она што власта им ги направи на приватните пензиски фондови беше темата на која денеска прес-конференција одржа Зоран Јовановски од редовите на СДСМ.

Добивај вести на вибер

-Се сеќавате дека во јули годинава беше изменет законот и власта ги натера приватните пензиски фондови предвреме да продадат еврообврзницa своевремено издадена од Република Македонија. Ваквата законска промена власта не можеше да ја објасни. Зошто приватните пензиски фондови да можат да имаат државни хартии од вредност издадени од Република Македонија на домашниот пазар, а да не можат да имаат државни хартии од вредност издадени од Република Македонија во странство. Ова не е академска нелогичност, владата предизвика конкретна финансиска штета за преку 300 илјади граѓани кои се во вториот пензиски столб. Заради потегот на власта, 300 илјади граѓани ќе имаат пониски пензии во споредба со пензиите што ќе ги имаа ако приватните пензиски фондови ја сочуваа еврообврзницата до крај, наместо да ја продадат предвреме – рече Јовановски.

Тој додаде дека власта ги натерала приватните пензиски фондови да ја продадат предвреме обврзницата за да ги пренасочат парите од продажбата за крпење на скинатиот буџет.

-Да резимираме. Со овој потег и со потегот на гувернерот, во скинатиот буџет на државата годинава се слеаја повеќе од 221 милиони евра и така беше закрпена дупката за оваа година – подвлече Јовановски.

sdsm

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен