Јовановски: Три дена молк за скандалот со Рашковски

Од:

„Владата ги потценува граѓаните. Три дена молк за скандалот во кој Рашковски се само назначи за владин претставник во собранието на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по седница.

Тоа е спротивно на законот за спречување на судир на интереси. Практично Рашковски си го потпишал своето именување на позицијата владин претставник а истовремено е и носител на јавна функција. Мала му била платата од над 1.000 евра па сега ќе зема и дополнителни 500 евра по седница.

Дополнително скандалозно е што за именувањето владата и министерството за продавање на магла на Роберт Попоски кое ни помалку ни повеќе вработи 40-сетина нови луѓе, партиски функционери и шарени платеници, се обиде да го сокрие скандалот. Имено на 4-ти август во соопштението за владината седница нема ниту збор за скандалозната одлука каде Рашковски се само назначи за владин претставник во македонски Телеком. Значи скандалот е уште поголем, владата и Попоски се обиделе да го прикријат само назначувањето на Рашковски за владин повереник во Телеком за хонорар од 500 евра по одржана седница.

Овде законот е јасен а и моралните дилеми треба да се расчистат. Или Рашковски ќе биде Генерален секретар или нека си поднесе оставка од таа позиција и нека продолжи да биде владин претставник во собранието на акционери во Телеком каде ќе добива хонорар од цели 500 евра по одржана седница.

Ова е уште еден случај каде се докажува корумпираноста и криминогеноста на владата на СДС и Зоран Заев“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела