ВИДЕО: Бојан Јовановски донесен кај Русковска да даде исказ за злоупотребите во Меѓународниот сојуз

Од:

Бојан Јовановски кој е првоосомничен и во случајот поврзан со Меѓународниот сојуз е спроведен во Обвинителството за организиран криминал кај обвинителката Вилма Русковска.

Тој ќе треба да даде исказ пред неа за наводите злоупотреби за кои го товарат.

Јовановски е осомничен за измама и перење пари.

Пред него во Обвинителството беше неговиот татко Миле Јовановски, а исказ пред обвинител даде и неговата асистенка и осомничена во случајот, Христина Блажевска.

Миле Јовановски пред да излезе од судот рече дека не чувствува вина и ги поздрави новинарите со „Среќна нова ’49“.

Пред нив, исказ дадоа Јасна Мандиќ која беше заменичка на Бојан Јовановски и пратеничката Фросина Ременски која е почесен претседател во сојузот.

Истрагата за овој случај не е завршена, а осомничените минатата недела правеа увид во доказите за да се подготват за давање исказ.

Обвинителството ги сомничи за делата „измама“ и „перење пари“. Адвокатот на Јасна Мандиќ по распитот кај Русковска рече дека таа била донесена во заблуда од Боки 13, а пак, пратеничката Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа.

Русковска најави обвинение за овој случај на почеток од идната година.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски