Јовановски: СДС преку полицијата врши терор врз граѓаните на Македонија

Од:

„СДС за изборите целосно ги злоупотреби државните институции во партиски цели, вклучувајќи ги и криминалците кои ги ставија во погон давајќи сигнал дека ќе бидат амнестирани и надградени за се што ќе направат.

И сето тоа со амин на МВР кое се стави под заштита на сите оние кои одеа по домови за да купуваат гласови.

СДС целосно ја стави полицијата во служба на партијата. СДС преку полицијата врши терор и притисок врз граѓаните на Република Македонија и ја оневозможува слободата.

Полицијата наместо да спроведува ред и мир, активно учествува во изборните нерегуларности на СДС. МВР се стави во служба на кандидатот за градоначалник на СДС за Шуто Оризари, Курто Дудуш, за тој да може да врши притисок врз граѓаните и да се заканува врз политичките неистомисленици.

Изборната трка за вториот круг од локалните избори СДС ја започна со хермелини, џипови, специјалци и алфи по улиците на Шуто Оризари.

Ситуацијата во Шуто Оризари воопшто не наликуваше на фер и мирна предизборна атмосфера, напротив изгледаше како таму да има воена состојба.

Хаосот од владеењето на СДС беше видлив и во текот на самата изборна кампања. Се купуваа гласови во речиси сите делови на државата. Од медиумите видовме фотографии и видео материјали од кои јасно се гледа како работела власта, и на кој начин ја подразбира демократијата.

Аздисаноста на СДС во целосно светло ја видовме веднаш по изборите имавме напади со нож, обид за ликвидација, скршени и запалени автомобили и пукање со огнено оружје.

Беше извршен обид за ликвидација на претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на луѓе блиски до раководството на СДС. Чин кој претставува директен напад врз демократијата, врз правната држава и врз слободната мисла.

Во Свети Николе група активисти на СДС крвнички претепаа полицаец и пред неговото семејство му се закануваа со негово убиство и смрт на неговото семејство, само затоа што не е член или симпатизер на нивната партија.

Во општински штаб на СДС во Бутел беше пукано со огнено оружје, вечерта по изборите, за тоа има и фотодокументација, а во МВР имаме целосен молк и никаква интервенција за расчистување на случајот. Активистите на СДС добија целосна слобода и по улиците, на повеќе места низ државата пукаа со огнено оружје, гордо објавувајќи слики од истото по социјалните мрежи. Ослободени од кривична одговорност продолжија со дивеењето, кршеа и палеа автомобили на политички неистомисленици.

Сето ова покажува дека СДС планира да ја води Република Македонија кон целосен хаос. Криминалот и насилството да владеат по улиците, а несигурноста и неизвесноста по животот на граѓаните да демне низ секое населено место во државата

За само три дена по изборите граѓаните се уверија што значи апсолутната власт на СДС, бандитизам, незаконие и несигурност. Граѓаните и понатаму имаат шанса да стават крај на аздисаноста на СДС и да ги вратат демократијата и владеењето на правото во Република Македонија“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања