(ВИДЕО) Јовановски: Премиерот е опиен од власта

Од:

Колоната возила, кои во знак на отпор и денеска крстосуваа низ Скопје застана пред Владата каде беше побарана оставка од премиерот Никола Груевски.

„Премиерот по седумгодишно владеење е целосно опиен од власта и има изгубено контакт со реалноста. Македонија се наоѓа во длабока политичка криза и единствен излез од таа криза е политички дијалог и договор за предвремени парламентарни избори. Колку побрзо премиерот тоа го разбере, толку подобро за граѓаните“, рече потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

Потенцираше дека парите и корумпираноста се причината за настаните кои доведоа до излегувањето на опозициските пратеници од Собранието.

„Позадината на сè она што се случуваше пред и после „црниот понеделник“ се парите. СДСМ со својот план за штедење се бореше да запре неразумното задолжување и непродуктивното трошење на оваа власт. Власта одлучи за пари да прекрши и деловник и закон и устав, да ги истепа пратениците и да ги исфрли новинарите од собраниската сала“, рече Јовановски.

Карванот на отпорот, продолжува и утре. Ќе почне во 5 до 12 часот од три локации по што поворките ќе се соединат пред Владата.

Во исто време карвани ќе има и низ сите поголеми градови во државата.

„Власта изгуби контакт со реалноста. Јасно беше дека власта нема да ја гласа иницијативата на АМАН за поевтинување на електричната енергија и за измени во Законот за енегетика“, вели Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога