Јовановски нуди гаранција од над 140 илјади евра за да излезе од Шутка

Од:

Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде пуштен во домашен притвор.

На денешната јавна седница во Апелацискиот суд кој треба да одлучи по жалбата на Јовановски, тој изјавил дека како гаранција тој ја нуди куќата во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор во вредност од околу 40 илјади. Дел од куќата е на негов прв братучед и локал на неговата мајка.

Одбраната бара неговата жалба да се уважи и Јовановски да се брани од слобода, да му биде одреден куќен притвор или други мерки на претпазливост.

Неговиот адвокат Сашо Дукоски како аргумент плус ја образложува неговата здравствена состојба за која треба посебен режим на исхрана, која тој не можел да ја спроведува во притворски услови во истражниот затвор во Шутка.

Тој пред апелациските судии уште еднаш повтори дека бил уценуван да посочи дека се виновни Катица Јанева и Фросина Ременски, за да излезе од притвор.

„Обвинителката Русковска е адвокат на две мафии. Нема да кажам кои. За да излезам од притвор бев уценува од Русковска да кажам дека Катица е виновна, дека Фросина Ременски земала пари. Сакала да  ја бетонира оти немала докази, а ми беше кажано дека ако не сведочам вака, ќе биде обвинет и мојот татко“, изјави Јовановски.

Јовановски е во притвор од средината на јули минатата година.

 

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он