Јовановски: МВР мора да ги расчисти околностите околу нападот на Тодоров

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што повторно ги обвини СДСМ и дел од медиумите за создавање атмосфера за нападот на Тодоров.

– Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин. Обидот за атентат врз Никола Тодоров беше чин кој беше поттикнуван со години. СДС и невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и подгреат атмосферата до момент во кој некој ќе им поверува и ќе одлучи да пролее крв. Нема земја во светот во која што не починал пациент, но тие сметаа дека со прогласувањето на Тодоров за масовен убиец ќе успеат да манипулираат со чувствата на болните, нивните блиски или оние кои загубиле некого, рече Јовановски.

Тој изјави дека ваквата политика имала за цел да предизвика конфликти. Според него напаѓачот на Тодоров не се одлучил сам да го нападне екс-министерот токму на првиот ден од доаѓањето на СДСМ на власт.

– Органите на прогонот мора да утврдат и кој му го дал пиштолот за да го стори криминалниот акт. Органите на прогонот мора да побараат одговорност од сите оние кои го поттикнуваа и помагаа атентатот и сеуште даваат поддршка на крвавите пресметки. Молкот е неприфатлив. Не смее да се молчи и за подметнатата бомба во семејната куќа на пратеникот Антониjо Милошоски. Не смее да се молчи ниту за демолирањето на автомобилот на Гордана Јанкулоска, рече Јовановски.

Тој додаде дека доколку МВР не ги најде виновниците, ќе било јасно кој стои зад овие настани.

= ВМРО-ДПМНЕ им порачува на сите кои што мислат дека со вакви подли и кукавички акти ќе не уплашат и замолчат дека многу се лажат. ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од патот по кој чекори – создавање на просперитетна и економски силна Република Македонија! Идеја и цел која е во полза на сите граѓани на нашата држава, заврши Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?