Јовановски: Кандидатот за градоначалник на Прилеп дели зејтин и прехранбени намирници во ромското маало

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денесна на прес-конференција изјави дека изборниот процес е под сериозен ризик и се одвивал во недемократска и нефер атмосфера.

– Зоран Заев и СДС продолжуваат со целосна злоупотреба на државата и на државните институции за партиски цели во изборен процес. Исплашени од се послабата поддршка од граѓаните и од слободниот пад на нивниот рејтинг СДС ги узурпира државните институции и врши масовен поткуп. Медиумите објавија фотографии од кои се гледа како во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник на СДС за Прилеп заедно со пратеничката на СДС од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп делат зејтин и прехранбени намирници во Ромското маало во Прилеп, рече Јовановски.

Тој изјави дека СДСМ се фатени на дело како вршат предизборен поткуп и дека целиот случај е фотографски документиран.

– СДС и нивните функционери вршат кривично дело, изборен поткуп. СДС го прекршуваат чл. 162 ст.1 од Кривичниот законик, кој вели „Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години“. Изборниот поткуп кој го врши СДС не смее да остане неказнет. ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното јавно обвинителство да отвори случај и да отвори индивидуална кривична одговорност за инволвираните во поткупот, рече Јовановски.

Тој додаде дека СДСМ мора веднаш да престане со злоупотреба на државните ресурси за партиски цели и дека меѓународната заедница и граѓаните на Македонија очекуваат фер, слободни и демократски избори.

– Апелираме, но и ги повикуваме сите надлежни институции, но и набљудувачи на изборниот процес, кои се должни да интервенираат, да го сторат истото. Република Македонија мора да има фер и демократски избори. Граѓаните ги гледаат манипулациите и лагите на СДС и на Зоран Заев и својот збор ќе го кажат на 15-ти октомври, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија