Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Од:

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, информираше Партијата.

До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките, известуваат од СДСМ.

– Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на линкот, извести СДСМ.

Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби