ЈОРМ: Предметот за бегството на Груевски во предистражна постапка

Од:

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција води предистражна постапка за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Во овој дел од постапката се прибрани снимки од камери на граничните премини, од пред зградата на Груевски и од соседството, а се бараат известувања и од институции и податоци од банките, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во ЈОРМ.

Од Обвинителството посочија дека доколку се утврди одговорност кај некои луѓе за бегството на Груевски степенот на работење ќе се подигне и предметот нема да биде во предистражна постапка.

Груевски на 9-ти овој месец требаше да се пријави во затворот „Скопје“ на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” за набавката на луксузниот мерцедес. Тој на 13 ноември на фејсбук напиша дека е во Унгарија каде бара азил од тамошните власти, што го доби после една недела, односно на 20 ноември.

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама