Јолевски: САД остануваат посветени на Европа и на Македонија

Од:

Новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп останува посветена на Европа и на продолжување на добрите односи со Македонија. Ваква порака добил македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, кој во САД се сретна со претставници на тимот за транзиција на претседателот Трамп.

– Ова е дел од перманентните консултации што ги имаме со американската администрација. Значајно е што разговарав со лица коишто се во транзицискиот тим на претседателот Трамп и тие не уверија дека Америка останува посветена на Европа, на регионот и на Република Македонија, вели Јолевски во изјава за Македонската радио телевизија.

Тој во САД учествуваше на Безбедносен форум за глобалниот тероризам и сајбер заканите што го организираше Сенатот на САД, а на кој домаќин беше сенаторот, Џим Инхоф.

– Разговаравме за неопходноста на соработка во борбата против тероризмот и компјутерската безбедност во светот, вклучувајќи ја и Европа. Заклучок беше дека соработката треба да се интензивира и да се разменуваат информации, бидејќи заканите, се закани за сите држави во светот. Она исто така што е мошне значајно е дека покрај сенаторите, тука беа и претставници на тимот за транзиција на претседателот Трамп и добивме силна порака дека тимот на Трамп останува посветен на НАТО и НАТО ќе биде значајна алатка во борбата против тероризмот и компјутерските закани, рече Јолевски.

Министерството за одбрана соопшти дека Јолевски остварил повеќе средби со претставници на Пентагон, Стејт Департментот, Сенатот, Конгресот и Тинк-Тенк институциите.

Во обраќањето на форумот, Јолевски истакнал дека Балканот припаѓа на евроатланскиот регион и оти неговата безбедност е неделива од безбедноста на Европа. Тој, исто така, укажал на потребата од интензивирање на соработката на безбедносните структури во Европа со цел поефикасно справување со сегашните и идните предизвици.

– Република Македонија, како и останатите земји од регионот имаат голема и важна улога во менаџирањето на мигрантската и бегалската криза, која ја зафати цела Европа, посочил Јолевски.

Во контекст на тоа додал дека е потребно да се преземат стратешки чекори имајќи ја во предвид актуелната геополитичка ситуација во светот, Европа и Балканот.

– Интеграцијата на земјите од југоисточна Европа е еден од тие стратегиски чекори. Знаеме дека постојат одредени критериуми или услови што треба да се исполнат, земјите од регионот се подготвени да работат на нивно исполнување, но потребно е што побрза нивна интеграција во колективните одбранбени системи, рекол Јолевски.

На форумот сенаторите и конгресмените, како што се информира Министерството за одбрана, истакнале дека САД остануваат посветени на соработката со Европа, која е стратегиски партнер во борбата против тероризмот и сајбер заканите.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска