Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Јолевски денеска во Рим, Италија, ќе присуствува на состанокот на министри за одбрана на земјите-членки на Процесот за соработка помеѓу земјите од Југоисточна Европа (СЕДМ).
Министерот Јолевски, како што е најавено, ќе се обрати на главната сесија на состанокот на кој ќе присуствуваат над 20 претставници на земјите-членки, меѓу кои министрите за одбрана на Италија, Турција, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и на Црна Гора.
СЕДМ процесот првпат е инициран во 1996 година, со цел јакнење на воено-политичката соработка во регионот и подобрување на стабилноста и безбедноста на ЈИЕ. Република Македонија беше претседавач со СЕДМ во периодот 2007-2009 година. Во рамки на оваа иницијатива функционира и Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), чиј командант во периодот од 2011 – 2013 година беше генерал од Република Македонија.