Јолевски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска е во приватна посета на Вашингтон, САД, при што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Како што соопштија од МО, министерот Јолевски од понеделник ќe престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.

Во рамките на работната посета на САД, министерот ќе оствари бројни билатерални средби со претставници на администрацијата на САД, конгресмени, сенатори, меѓу кои и Тед Круз и други претставници на Конгресот, како и претставници на влијателни тинк-тенк заедници во Вашингтон.

Министерот Јолевски ќе учествува и на форумот „Глобалниот тероризам и сајбер-заканите“, чиј домаќин ќе биде сенаторот Џим Ајнхоф.

Би можело да ве интересира

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран повторно го затвори Ормутскиот тесенц по нападите на Израел на Либан

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“