Јолевски – Хојт Ји: САД очекувааат фер и кредибилни избори и побрза евроатлантска интеграција

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој е во работна посета на САД, се сретна со американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји со кого разговараше за актуелната политичка состојба и за претстојните предвремени избори во Македонија.

Министерот Јолевски, како што информира ресорното Министерство, го уверил соговорникот дека македонската Влада има за цел изборите што ќе се одржат на 11 декемеври да бидат фер и демократски. Притоа нагласил дека евроатлантските интеграции се врвен надворешно политички приоритет за Македонија.

Соговорникот, како што се наведува, истакнал дека САД имаат интерес Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и ЕУ и оти доколку изборите бидат фер и кредибилни, САД ќе ја поддржат македонската Влада во нејзините евроатлантски интегративни процеси, во привлекувањето на странски инвестиции и во напорите за подобрување на економијата.

Министерот Јолевски упатил честитки до американскиот народ за новоизбраниот претседател Доналд Трамп и додал дека заемната соработка меѓу двете држави базирана на стратешкиот договор, ќе продолжи да се одвива по нагорна линија.

За време на посетата, министерот за одбрана оствари средба и со директорот за Азија, Блискиот Исток, Европа и Латинска Америка во Одделот на Обединетите нации за мировни операции Петер Дуе.

На средбата е разговарано за идните планови за учество на припадници на АРМ во мировните операции на Светската организација, а размениле се и мислења за состојбите во Сирија и Ирак, како и за мигратската и бегалската криза која ја зафати Европа.

– Еден од главните инструменти на меѓународната заедница за менаџирање на комплексни кризи кои претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност, се мировните операции на ОН. Македонија како одговорен член на оваа организација и првенствено поаѓајќи од заложбата за заштита на светскиот мир и безбедност, како и досега имајќи ги предвид досегашните учествата на припадниците на АРМ во мисиите на НАТО, ЕУ и ОН, така и понатаму цврсто стои на определбата за учество во овие мировни мисии на ОН, изјавил Јолевски.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, Јолевски посочил дека Министерството за одбрана ја разгледува можноста за учество и во други мисии на ОН согласно потребите и расположливите ресурси и можности.

Јолевски вчера и денеска ќе има средби и со високи претставници на Херитиџ фондацијата, која има значајна улога во дефинирањето на страегијата на Републиканската партија и идната администрација. Главни точки на разговорите биле потребите од забрзана евротлантска интеграција на Македонија, економската политика и визната либерализација. За сите три елементи министерот Јолевски добил поддршка.

– Интеграцијата на Македонија во НАТО ќе придонесе за стабилноста во регионот и Европа, што е мошне значајно за САД. Индексот за економска слобода кој го објавува Херитиџ Фондацијата е доказ дека Македонија води солидна економска политика, која е пример за многу земји во регионот, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Вечерва, во Институтот за мир на Соединетите држави во Вашингтон, ќе се одржи традиционалниот концерт за Денот на благодарноста којшто го слави пријателството меѓу граѓаните на САД и Македонија, на кој ќе настапат македонските уметници, пијанист Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Лумановски.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска