Јолевски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

Од:

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, оцени денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип.

– Безбедносната состојба во Република Македонија е на високо ниво, и е стабилна. Ние како Армија и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме, вели Јолевски.

Министерот Јолевски најави дека во наредните 10 години Владата на Република Македонија ќе инвестира во модернизација на Армијата на Република Македонија, во кој период ќе се набави и нова опрема, а се пополнуваат и единиците на македонската Армија.

– Во последните две години примивме 470 професионални војници, во тек е Курс за обука на војници и подофицери, кои порано завршиле Факултет и тие ќе станат следните офицери во Армијата. Исто така, и на Воената Академија образуваме наши кадри. Сакам да истакнам дека денеска бев на воениот аеродром Петровец кај Скопје, каде пристигнаа првите два ремонтирани хеликоптера што пристигнаа минатиот викенд. Така да и во овој сегмент бележиме напредок, рече Јолевски.

Министерот за одбрана Јолевски денеска ги посети припадниците на Вториот механизиран пешадиски Баталјон и изврши увид во техничко – материјалната подготвеност на единицата во Штип.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска