ЈО: Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ, определен притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен жител на скопско Синѓелиќ, осомничен дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопштија денеска од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, тој заедно со неговиот брат за кого претходно на 22.12 беше отворена истражна постапка, во гаража во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6370 грама хероин, како и 915 грама кокаин. Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси.

– При претресот, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка Магнум 357 со рамка со шест куршуми, стои во соопштението

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело, се наведува, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција