ЈО: Двете починати лица од разбојништвото во менувачницата биле со полициско досие

Од:

„Основното јавно обвинителство Скопје издаде бројни наредби за преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот што се случи во менувачница во скопска Кисела Вода, кога сопственикот пукаше во двајца разбојници.

Идентитетот на едниот од починатите беше утврден. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, утврден е идентитетот и на второто починато лице преку вршење споредба на папиларните линии од прстите на рацете. Станува збор за граѓанин на Република Србија по кого поради претходно сторени кривични дела била распишана потерница. Идентификацијата е потврдена и од страна на надлежните органи од Република Србија.

Според првичните сознанија на јавното обвинителство, македонскиот државјанин кој вршејќи разбојништво настрада во менувачницата, бил осуденик кој од користење на слободен викенд во март годинава не се вратил во затвор. Тој летово бил сторител на петнаесетина разбојништва на банки, менувачници и обложувалници. Разбојништвата претежно ги вршел сам, но последниот пат се здружил со познатиот разбојник од Република Србија.

Иако за обвинителството првично се утврдени потребните факти и докази што ја откриваат вистината и одговорноста за тоа што се случило. За да се потврди дали навистина сопственикот на менувачницата делувал во нужна одбрана, потребно е целосно прибирање на сите докази во предметот, по што ќе следи донесување на јавно обвинителска одлука.“ известија од јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода