Јет: Потребно е намалување на разликите во остварување на правата на децата од различни групи

Од:

Во Македонија изминатите пет години е направено многу во насока на остварување на правата на детето. Воспоставена е добра правна рамка која ја регулира оваа сфера, трендовите се движат во позитивна насока.

Сепак, потребно е да се работи на спроведување на законите, и особено на намалување на нееднаквоста во остварувањето на овие права кај децата од урбаните делови на земјата и побогатите семејства со оние од сиромашните слоеви и маргинализираните групи.

Ова е оценката на досегашниот шеф на мисијата на УНИЦЕФ во Македонија Шелдон Јет, кој по петгодишно извршување на функцијата заминува од земјава.

– Во Владата и во граѓанскиот сектор најдовме партнери за реализирањето на заложбите за унапредување на правата на детето. Навистина е за пофалба она што беше направено за оформување на правната рамка, но сега треба да се најдат и соодветни ресурси таа доследно да се применува, рече Јет на денешната средба со новинарите.

Според него, големо внимание треба да се посвети на намалување на разликите во остварувањето на правата на детето во различни групи во општеството. Во спротивно, вели, малиот напредок во одредени групи ја руши добрата статистика за остварениот вкупен напредок.

– Рамномерното инвестирање во сите деца и во остварувањето на правата на сите деца е добро не само за нив, туку и за општеството воопшто. Само општества со што поголема правичност имаат побрз економски развој. Одредени анализи на ММФ покажуваат дека намалувањето на нееднаквоста за 10 проценти, долгорочно може да доведе до зголемување на економскиот раст на земјата за 50 проценти, рече Јет.

Додаде дека на својот наследник ќе му порача ја го продолжи добриот дијалот со власта и граѓанскиот сектор со цел да се овозможи што поголемо унапредување на правата на детето, особено на оние со попреченост, или оние што немаат пристап до образование, социјална или здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Ана Ололовска

УНИЦЕФ: Дури 35.000 албански граѓани дополнително ќе ги погоди сиромаштијата, меѓу нив и 9.000 деца

А1он