Јавното обвинителство покрена постапка против девет лица за криумчарење мигранти во Северна Америка

Од:

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека е издадена наредба за истражна постапка против девет лица осомничени за кривично дело „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“.

За седуммина од осомничените е определена мерка притвор, а за двајца – мерки за претпазливост.

Како што информираат од Јавното обвинителство, во текот на првата половина од 2017 година тројца од осомничените од користољубие создале и организирале група за вршење кривично дело – криумчарење мигранти.
„Подоцна кон групата се приклучиле и останатите осомничени. Групата во текот на 2017 година и првата половина од оваа година, организирала комплетно патување од матичните земји, преку земјите членки на Европската Унија и Доминиканската Република, до САД и Канада како земји на крајна дестинација“, се наведува во соопштението.

Осомничените како организатори на криминалната група, откако ќе оствареле средба со потенцијалните мигранти, ги врбувале и го договарале начинот на обезбедувањето и висината на паричниот износ што се движела од 20.000 до 25.000 американски долари по лице, а се исплаќала по пристигнувањето на крајната дестинација, наведуваат од Јавното обвинителство.

Организаторите го планирале бројот на лицата што ќе бидат криумчарени, временскиот период, рутата по која ќе биде реализирано патувањето и локациите каде времено ќе бидат сместени мигрантите во текот на
криумчарењето.

„За потенцијалните мигранти – македонски и албански државјани кои не можеле да добијат регуларни визи од Амбасадата на САД, обезбедувале фалсификувани документи, со резервирање и купување авионски и автобуски билети, како и со резервирање и плаќање привремено сместување на мигрантите во хотели, мотели и хостели во земјите од рутата“, појаснуваат од Јавното обвинителство.

„Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мека притвор за сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и со Решение им определи мерка притвор на седуммина од осомничените, а на двајца им определи мерки за претпазливост“, наведува ЈОРМ.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ