Јавното обвинителство обезбедило траги и видео снимки од менувачницата во Кисела Вода

Од:

Од основното јавно обвинителство во Скопје соопштија дека извршиле увид на лице место заедно со увидна екипа од крим техника во менувачницата во Кисела Вода каде што попладнево при обид за разбојништво две лица беа убиени од страна на сопственикот.

Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени биле траги од лице место, како и снимките од видео надзорот од менувачницата.

Од обвинителството информираат дека го утврдиеле идентитетот на едно од починатите лица и дека во моментов работат на идентификација и на второто починато лице.

Денеска во менувачница во Кисела Вода две лица се обиделе да извршат разбојништво со закана со огнено оружје при што и физички го нападнале сопственикот на менувачницата, по што тој одговорил и со пиштол ги застрелал двајцата.

Би можело да ве интересира

Активиран противпожарен апарат во казино во Кисела Вода, дел од присутните завршија во болница

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре