Јавниот обвинител ќе се жали на одлуката да нема притвор за осомничените за упадот во М-НАВ

Од:

Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд-Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од Јавното обвинителство.

Четворицата осомничени за упадот во зградата на Македонската навигација, кои синоќа беа изнесени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд-Скопје, добија мерки на претпазливост, а не притвор, каков што беше предлогот на Обвинителството.

Осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи, односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетениот, како и меѓусебна комуникација.

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа соопшти дека е отворена истражна постапка против осумте лица за завчерашниот упад во Македонската навигација. Тие, како што информираше Обвинителството, се товарат за кривичното дело загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Би можело да ве интересира

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија