Јавниот обвинител бара детални информации од Судски совет за извештајот за Кривичен суд

Од:

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија испрати писмено барање до Судскиот совет во кое итно бара детални информации за тоа во кои предмети судските рочишта биле одложувани повеќе пати заради отсутво на јавен обвинител, а во врска со информациите од 452-та седница на Судскиот совет, на која беше разгледан и усвоен извештај од работна посета на Основен кривичен суд Скопје.

Согласно Правилникот за оценување на јавните обвинители, ажурноста и ефикасноста се еден од основните принципи за оценување, и за таа цел се бараат детални информации од Судскиот совет, за тоа:

– Во кои предмети судските рочишта биле одложувани повеќе пати заради отсуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција или од Основното јавно обвинителство Скопје?

– На кои датуми биле закажни одложените рочишта во секој предмет поединечно и со какво образложение го оправдале отсуството надлежните јавни обвинители?

Ваквата информација, се вели во барањето од ЈОРСМ, е со цел да се овозможи законската обврска за надзор над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција согласно принципот на хиерархија и субординација на Јавното обвинителство.

– Во исто време, Јавниот обвинител на РСМ ќе побара од основните јавни обвинители на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на Основното јавно обвинителство Скопје да одржат итни колегиуми на кои уште еднаш ќе им укажат на останатите јавни обвинители во соодветните јавни обвинителства дека повеќекратното отсуство од судски рочишта ќе биде основ за поведување итни дисциплински постапки против јавните обвинители за кои ќе се утврди дека неоправдано отсуствувале од рочиштата, се вели во барањето од ЈОРСМ.

Би можело да ве интересира

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен