Јавна расправа за Предлог-законот за прекршоци

Од:

Една од најзначајните новини во Предлог-законот за прекршоци, што Владата го прифати на седница одржана на почетокот овој месец, е востановувањето на Државна комисија за жалби по прекршоци која претставува второстепен орган во постапките по жалбите на одлуките на прекршочните комисии.

Заменик министерката за правда Билјана Бошковска Бришковски на денешната јавна расправа по Предлог на законот во Собранието појасни дека со формирањето и отпочнувањето со работа на оваа комисија ќе се постигне побрзо решавање на предметите и ќе се избегне одоговлекување на постапките. Ова решение дополнително ќе придонесе Управниот суд да се растерети од големиот број предмети оформени по тужби поднесени против одлуките на прекршочните органи.
Исто така со ваквото решение ќе се воведе двостепеноста на прекршочната постапка, кога за прекршок одлучува прекршочна комисија. Со постојното решение против провостепените одлукина прекршочните комисии е обезбедена само судска заштита со поднесување на тужба пред Управниот суд.

Државната комисија е предвидено, како што информираше Бошковска Бришковски е предвидено да постапува во точно определени рокови.

Должината на роковите за постапување на прекршочните органи се предвидени во зависност од висината на пропишаната глоба за конкретни прекршоци. Доколку се работи за прекршоци за кои е предвидена пониска глоба роковите ќе бидат пократки. Друга значајна новина е што ако прекршочниот орган што го донел решението утврди декај жалбата е основана, а не е потребно да се спроведува нова постапка, може да одлучи поинаку и со ново решение да го замени решението што се побива со жалбата.

Една од предложените новини се однесува на забрзаните постапки односно на издавање на мандатен и прекршочен платен налог. Мандантниот платен налог ќе има сила на извршна исправа. Тој ќе биде издаван за прекршоци од полесен вид, кога прекршокот е утврден на лице место со непосреден увид на службено лице или со помош на технички средства.
Се воведуваат одредби за општа корисна работа со кои се овозможува замена на глобата изречена со мандантен платен налог кој ќе се издава за прекршоци од полесен вид.

Предлог законот содржи и одредби кои се однесуваат на електронска достава кое е веќе воведено во Законот за парнична постапка и со Законот за кривична постапка.

Функционирањето на електронската достава во прекршочната постапка ќе придонесе за значително забрзување на постапката и за намалување на трошоците за печатење на списите.

Би можело да ве интересира

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски