Јавна пародија: Препукување на Фејсбук – Се скараа ли навистина Груевски и Мицкоски

Од:

Се скараа ли навистина екс претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и сегашниот Христијан Мицкоски.

Во моментов се води јавна војна и преписки меѓу Груевски и Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук. Обајцата меѓусебно се обвинуваат, а во целата преписка се вмеша со свој став и ДУИ, од каде велат дека Мицкоски барал измени во кривичниот закон но откако се скарал со Груевски се предомислил.

Кој прв почна? Еве како течеше препукувањето меѓу Груевски и Мицкоски.

На Фејсбук вчера Груевски му се обрати на Мицкоски во врска со неговто интервју за германскиот медиум ФАЦ.

Груевски напиша:


-Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања: Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка, пишува Груевски.

Мицкоски одговори исто така на Фејсбук. Велејќи дека Груевски прави „ Јавна Пародија“

-Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:
Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина.

Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време.

Како велеше, “вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе”, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно, напиша Мицкоски.

Како капак на овие преписки пристигнува став и од ДУИ. Велат будно ја следат големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација, велат од партијата на Ахмети.

„Мицкоски бараше измени на кривичниот законик, но се откажа, оти се оддалечи од Груeвски“, тврди ДУИ Демократската унија за интеграција

„ Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање“, се истакнува во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Кришто понудил помош по невремето што ја погоди Босна и Херцеговина

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

Предраг Петровиќ

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Да ги почекаме параметрите за овој месец, вели Мицкоски за резултати од „есенската кошница“