Јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование

Од:

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат процес на јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование. Целта е, како што објави МОН, квалитетна подготовка на овој стратешки документ кој треба да обезбеди дополнителен придонес кон развојот на националниот образовен систем.

На својата веб-страница (www.mon.gov.mk) МОН го објави линкот до нацрт-верзијата на Концепцијата за инклузивно образование, чие креирање е дефинирано во новиот Закон за основно образование од 2018 година.

– Сите засегнати и заинтересирани чинители кои ценат дека можат да дадат придонес во подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, своите предлози, сугестии и забелешки може да ги пратат на електронската адреса: [email protected], најдоцна до 25 јуни 2020, информира Министерството за образование и наука. 

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови