Јавен повик за поправка и санација на покриви и лифтови во Центар

Од:

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните покривни конструкции и лифтови во станбените згради на подрачјето на општината, во согласност со Програмата за комунални дејности за 2021 година.

Како што соопштија општинските власти, право на учество имаат сопствениците на заеднички делови на колективните станбени згради што се управувани од управител на станбени згради или од заедница на сопственици на територијата на Општина Центар.

-Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покривите и на покривните покривачи е насочена кон замена на постојни азбестни салонитни покривачи со еколошки и реконструкција на рамните проодни и непроодни тераси во согласност со условите и критериумите за учество, информираат од Општината.

Оттаму посочуваат дека проектот е поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари за реконструкција на постојните покривни конструкции и 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови.

-Сопствениците на посебни делови, преку кредитирање или во готово, треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постојните покривни конструкции и поправка и санација на лифтовите, дополнуваат од општината.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот, во периодот од денеска до 23 јули. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден-прв услужен.

Како што појансуваат од општината, за повеќе информации за условите и критериумите граѓаните може да се информираат на општинската веб-страница „www.centar.gov.mk“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата