Јавен повик за доделување награди на општина Кочани

Од:

Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за највисоките општински награди за значајни остварувања за развојот на општината и за животно дело.

– Иако мандатот на Одборот за доделување награди на општина Кочани истекува на 22 мај, процедурата може да започне со објавување на повикот за доставување предлози. Натамошниот тек на активностите ќе се прилагодува според препораките што ќе се однесуваат на работата на единиците на локалната самоуправа, рече Илинка Атанасова, претседателка на Одборот за доделување награди.

Одборот за доделуваање награди е составен од членови на Советот, но и надворешни претставници кои што одлучуваат за добитниците на наградите на општината, кои од 2010 година се доделуваат на 12 јули – Петровден, празникот на Кочани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот